Фото: Зоран Антоски

Денес во Кичево е регистрирана и третата жртва од ковид-19, а се работи за 68 годишен маж. И не само што се зголемува бројот на заразени, туку расте и бројот на починати. Денес во овој град се регистрирани двајца новозаболени граѓани, со што вкупната бројка се искачи на 88, додека активни случаи се 73 лица, три лица  починаа а 12 се излекувани.

– Она што се очекуваше и се случува, расте бројот на заболени од ковид-19 во нашиот град и веќе имаме толкав број на заболени, 88 лица, што не можеме да зборуваме само за познати кластери, туку инфекцијата се шири и врз лица надвор од овие кластери. Вложуваме големи напори да ја намалиме бројката на новозаболени, а со тоа и смртноста кај нашите сограѓани. Во тоа треба сите да помогнат со придржување кон мерките пропишани од Владата поврзани со ковид-19 – вели д-р Станко Трпески, член на Кризниот штаб и директор на кичевската болница.