Во изминатите два дена дадени се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се прва доза, 1.364 примиле втора, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 11 ноември, вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, втора доза примиле 783.880, а трета – 51.531 граѓанин.

„54 % од граѓаните над 40-годишна возраст целосно се вакцинирани, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 %, а со две дози се опфатени 46 % од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 % од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 37 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина“, се наведува во соопштението.