Шеесет и осум од предвидените 69 ученици од „Зеф Љуш Марку“ се негативни на ковид-19, според резултатите од скринингот кој денеска беше спроведен во средното училиште во Скопје. Денеска беше спроведено тестирање и во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Скрининг на учениците ќе биде спроведен во уште седум средни училишта во Скопје, а во текот на денешниот ден ќе бидат тестирани 258 средношколци. Тестирањето продолжува и во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и во Центар Жупа.