Министерството за здравство информира дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја.

Во соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Комората на психолози на Македонија, пациентите можат во секое време да се јават на тројца психолози и доктор на следниве телефонски броеви за сите прашања, совети, препораки:

* 078/364-629 – Доктор од Клиниката е достапен секој ден во периодот од 10:00 до 12:00 часот;

* 070/233-453 – Претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, е достапна за пациентите секој ден во периодот од 12:00 до 17:00 часот;

* 071/218-050 – Психологот Александра Стефановска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 15:00 до 18:00 часот;

* 070/494-973 – Психологот Елена Ѓорѓевска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 17:00 до 20:00 часот;

* Секоја среда во 18:00 часот преку Zoom се активира групата за психосоцијална поддршка за онколошките пациенти.

Минатата година Министерството за здравство за првпат овозможи психолошка поддршка за онколошките пациенти – која претставува една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сè пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период и во време на коронавирусот, се вели во соопштението.