Судијата Огнен Ставрев денеска преку соопштение информираше дека судското рочиште за предметот „ТНТ“ е одложено поради превенција од корона вирусот.

Ставрев во соопштението со ракопис, наведува дека следното рочиште ќе се одржи на 19 март.

Предметот „ТНТ“, се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски. Во овој судски случај обвинети се, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.