Две лица од Охрид и Струга вчера се затекнати за време на забраната за движење.

Од СВР Охрид информираат дека вчера, кај местото „Мороишки мост“, општина Струга, извршена била контрола врз Б.Ж. (28) од струшкото село Велешта, кој ја прекршил забраната за движење. При обид за негово приведување, тој физички ги нападнал полициските службеници. Истиот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 25 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-8 и Кичево-3). Евидентирани се 5 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Струга-1, Дебар-2) и извршени се 112 контроли врз овие лица ( Охрид-7, Струга-27, Кичево-3 и Дебар-75).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 593 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 293, Струга- 300) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 114 контроли на угостителски објекти.