Попладнево во 14.30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина „Спутник в“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, информира Министерството за здравство.

Првата пратка стигна на 7 март. Од рускиот производител, Македонија обезбеди 200.000 вакцини.

Утрово на скопскиот аеродром пристигнаа и 24.000 вакцини од „Астра зенека“ преку механизот „Ковакс“. Со нив в среда ќе почне вакцинацијата на лицата постари од 75 години.