Фото: Игор Бансколиев

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.

Улиците се празни, а согласно одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, се прилагодуваат на новите ограничувања за движење и со работа завршуваат најдоцна до 15 часот.

Производствените погони и фабрики во согласност со заклучокот од Владата, во време на забраната за движење може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа. Тоа се истите дозволи што се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица на компанијата.

За време на полицискиот час, исклучоци има за земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во оранжерии и пластеници.

Автобусите на ЈСП го променија возниот ред и сообраќаат за време на викендите до 16 часот, а промени од викендов има и кај возниот ред на железницата.