Фото: Зоран Антоски

Претходнава седмица во Општина Кичево стагнира бројката на новозаболени, кои ги има или во мал број или воопшто ги нема, како денес. Тоа придонесе и бројот на активни случаи да се сведе на 37 лица. Сите посакуваат и следната седмица да се повторат овие броеви и со поголем оптимизам да се очекува есента, кога ќе се продолжи престојот во затворено, а ќе се зголеми аерозагадувањето.

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 37. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 290 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 239, додека бројот на починати е 14. Бидејќи и денес нема никакви промени, продолжува поволниот тренд, кој би сакале да продолжи и во наредниот период, со мал број на новозаболени и поголем број на оздравени случаи. Тоа значи дека сите треба да бидеме на висина на задачата, од нас лекарите, се до учениците, студентите , вработените и пензионерите, да се почитуваат протоколите што ќе придонесе и бројките на новозаболени да бидат слични на актуелните – потсети д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб. З.А.