– Иако најголем дел од граѓаните се без симптоми, секој од нас може да биде под потенцијален здравствен ризик. Апелирам, силно повикувам да сепосветиме сите, преку строго преземање лична заштита да го намалиме бројот на новозаразени. Едноставно е! Потребен е ангажман од секого за да воведеме целосна контрола врз епидемијата. Во спротивно уште долго време и се бориме со ризиците. Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка – вели Спасовски.

Тој порача дека сите треба да носиме маски, да избегнуваме поголеми собири, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје, додава Спасовски.