Премиерот Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Стоп корона“, која ја евидентира непосредната близина на заболен со ковид-19, во изминатите 14 дена.

– Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од ковид-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем. Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи – порача Спасовски.