Две дози вакцина во Македонија примиле 43,6 % од полнолетните граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 како прва доза, 1.730 како втора доза, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, втора доза примиле 726.625, а трета примиле 181 граѓанин.

52 % од граѓаните над 40-годишна возраст комплетно се вакцинирани, а 32 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47,2 % , а со две дози опфатени се 43,6 % од граѓаните над 18 години. Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примила две дози вакцина.