Денеска, во просториите на Град Скопје, состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов.

На состанокот се разговараше за итна адаптација на акцискиот план за редовно, дневно, дезинфицирање на јавните површини во градот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки и препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, да ја одржуваат личната хигиена и да останат дома.