Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се одлучува како ќе почне учебната година од септември во услови на епидемија, ќе продолжи утре. 

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, минатата недела изјави дека до 1 септември има доволно време да се организира почетокот на учебната година и училиштата да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Протоколите за основните и за средните училишта до Комисијата беа доставени во петокот.