Одлуката за продолжување на вонредната состојба во Македонија за справување со пандемијата на ковид-19, се очекува да биде донесена на денешната седница на Советот за безбедност на која ќе се расправа за неа.

Вонредната состојба во траење од 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш имаше вкупно 41 случај на коронавирус, а до вчера бројот на заразени достигна до 974. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Владата, на 41-та седница донесе одлука до претседателот Стево Пендаровски да достави предлог за продолжување на вонредната состојба, заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со коронавирусот во државата.

На денешната седница, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Првиот случај на зазарен со коронавирус во Македонија беше регистриран на 26 февруари, а полициски час на целата територија на државата беше воведен на 22 март.