Синдикатот на РЕК „Осломеј“ донираше заштитни средства во Медицинскиот центар-Кичево.

Донирани се 2.000 ракавици, 1.000 маски, 120 пакувања средство за дезинфекција и извршена е дезинфекција на просториите на болницата.

– Синдикатот на РЕК „Осломеј“ уште на почетокот на здравствената криза обезбеди заштитни средства и за вработените во комбинатот со цел превенција на ширење на корона вирусот, како што се маски, ракавици, дезинфекциони средства и дезинфекција на работните простории. Набавени се и ласерски термометри за мерење на телесната температура на вработените при влез во термоелектраната, односно пред пристапување на работното место – соопштија од ЕСМ. М.М.