СЗО предупреди дека за првпат во последните неколку месеци во Европа има зголемување на бројот на заболени од коронавирус на неделна основа.

Во 11 земји „забрзаниот пренос“ предизвика значителен пораст, кој доколку се остави без надзор, ќе ги врати здравствените системи во Европа на работ, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, јавува Би-би-си.

Списокот на СЗО ги вклучува Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.

Амбасадорите на ЕУ се состануваат оваа недела на разговори околу повторното отворање на надворешните граници од 1 јули. Еден од критериумите што земјите-членки го разгледуваат е да дозволат патување само на патници од одредени земји, меѓу кои земји нема да се најдат земји со висока стапка на инфекција, вклучително и САД, Русија и Бразил.