Светската здравствена организација во 2020 година во Македонија донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 долари за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

– Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за ковид-19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земјава за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава – се наведува во соопштението од министерството.