Премиерот Зоран Заев истакна дека упатил и втора молба до американската компанија „Фајзер“ за согласност за извоз на вакцините кои се дадени на Србија, додавајќи дека дека контактирал и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Владата ургира и преку Министерството за здравство и Заев верува дека барањето ќе биде одобрено. Според премиерот, вакцините од Србија би требало да стигнат набрзо, со што ќе бидат доволни за здравствените работници во ковид-центрите.

Заев, одговарајќи на новинарски прашања по повод изградба на училишна спортска сала во Стајковци, посочи и дека во втората половина од наредниот месец се очекува да стигнат и првите дози вакцини директно од „Фајзер”.