Европската комисија прави напори вакцините против ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ, како што информирал еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Ваквата објава уследи по состанокот со Вархеи на кој утринава учествуваше и македноскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Никола Димитров, заедно со неговите колеги од регионот, а на кој биле разменети информации за состојбата за набавка на вакцините против ковид-19 како и плановите за вакцинацијата.

– Вархеи укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во регионот, ќе биде обезбедена и соодветна финансиска поддршка од страна на Унијата – се наведува во соопштението на СЕП.