Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе почне масовна имунизација на жителите од овој регион.

Како што истакна министерот за здравство, Венко Филипче, во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1.500 граѓани.

За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници.

Вакциналните пунктови ќе работат во две смени.

Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.