Во Македонија не е секвенциониран нов случај на делта-сојот, освен досега забележаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче, според информациите со кои располага.

Тој додаде дека бил информиран од МАНУ за четири случаи што допрва треба да бидат секвенционирани, а се сомнителни на јужноафриканскиот вид. Станува збор за четири лица од Тетово.