Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, позитивни на коронавирус се и двајца пациенти од тоа одделение, а денеска биле тестирани уште 16 пациенти хоспитализирани во Заводот.

– Сите пациенти на кои ќе им биде потребна ваква форма на терапија ќе се упатуваат во болницата „8 Септември“ – додаде министерот.