Седумнаесет првачиња од скопското основно училиште „Гоце Делчев“ од синоќа се во 14-дневна изолација, откако една наставничка е позитивна на коронавирус, додека друга наставничка е во изолација пред да биде тестирана, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од директорката на училиштето, Наде Молеровиќ.

Училиштето веднаш ги информирало родителите по добивањето на резултатите, како што пренесуваат медиумите. Наставничката заразена со коронавирус ќе држи онлајн настава, а децата се во изолација. Децата од одделението на втората наставничка, која допрва треба да биде тестирана, одат на настава со заменски наставник. Дезинфицирани се и сите простории во училиштето.