Фото: Игор Бансколиев

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 од направени 1.208 тестирања.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1 пациент.

Како што информираат од Институтот за јавно здравје, регистрирани се и 274 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1 пациент.

Вкупно 7 пациетни починале додаваат од ИЈЗ. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Биле направени вкупно 1.208 тестови преку: ИЈЗ-309, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-0, Биотек-161, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина-257, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 45.070, активни 3.719
Куманово 5.605, активни 290
Тетово 5.471, активни 292
Прилеп 5.431, активни 658
Гостивар 3.795, активни 154
Штип 3.665, активни 121
Велес 3.459, активни 257
Битола 3.441, активни 181
Кавадарци 3.405, активни 604
Охрид 3.257, активни 440
Струмица 2.728, активни 185
Струга 2.417, активни 190
Кочани 1.829, активни 74
Кичево 1.778, активни 70
Неготино 1.253, активни 217
Гевгелија 1.224, активни 186
Свети Николе 1.109, активни 23
Крива Паланка 837, активни 83
Ресен 813, активни 61
Дебар 795, активни 44
Радовиш 744, активни 25
Делчево 745, активни 185
Берово 643, активни 25
Пробиштип 545, активни 24
Виница 523, активни 25
Валандово 368, активни 27
Крушево 284, активни 71
Кратово 277, активни 29
Богданци 275, активни 46
Демир Хисар 266, активни 15
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 242, активни 32
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 186, активни 4
Дојран 95, активни 2