Во последните 24 часа во Битола се регистрирани седум нови позитивни случаи на ковид-19. Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје Битола, каде во изминатото деноноќе се направени 59 тестирања.

На што се должи ваквото драстично зголемување на позитивните на ковид-19 засега нема информација. Но, многумина сметаат декa e последица од опуштањето на битолчани.

Инаку, според информациите на Центарот за јавно здравје Битола, денеска има и еден нов случај во Ресен, а по два во Кичево во Прилеп.

Од почетокот на епидемијата во Битола се регистрирани 303 позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 62. Од нив, во Крушево има еден активен случај, во Демир Хисар два, во Македонски Брод 12 активни случаи, во Кичево 37, а во Ресен активни 16 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. М.М.