Претседателката на инспекциски совет, Магдалена Филипоска-Грашкоска, на прес-конференција информираше дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил контрола кај 82 фирми. Кај 18 имало забелешки, а 18 превозници не вршеле дезинфекција на возилата.

– Во време кога нашата земја се соочува со една од поголемите здравствени кризи, би сакала искрено да се забагодарам на сите граѓани кои ги почитуваат мерките, со цел да се спречи и намали коронавирусот. Треба да ни биде јасно дека секој има клучна улога во оваа битка во изминатите два дена.Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе контрола кај 47 субјекти од кои 29 беа без наод и 18 со забелешки. Дополнително, извршена е контрола кај 35 деловни субјекти кои вршат јавен превоз, а 18 од нив немале уреден статус и се задолжени за спрведување на мерките, односно дезинфекција и слично. Понатаму, проверени се дополнително 27 објекти – игротеки, фитнес-сали, базени и слично. Сите ја почитувале забраната за работење и се затекнати затворени – рече Магдалена Филипоска-Грашкоска.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат даде и дополнителни предлози за воведување мерки за коронавирусот.

– ДСЗИ дава предлози за дополнителни мерки, а тоа се следните: на Меѓународниот аеродром Скопје да се воведе задолжителна дезинфекција на авионите кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик, а во средствата за превоз, како комбињата, да има постери со препораки од Институтот за јавно здравје, дезинфекција на јавниот превоз, задолжително проветрување – додаде Филиповска-Грашковска.