Денеска на влезот од Ресен за Битола, над бензиската пумпа на „Макпетрол“ е монтирана „санитарна јама“ за дезинфекција на сите патнички и товарни возила кои влегуваат во градот.
Со поставувањето на оваа „санитарна јама“ за дезинфекција на возилата, општината Битола смета дека ќе се придонесе за намалување на можностите за пренесување на заразата од пандемијата.
Ваква „санитарна јама “ пред извесно време беше поставена и на влезот од Прилеп за Битола.
М.М.