Фото: Игор Бансколиев

Бројот на активни случаи на коронавирус изнесува 5.539 лица, откако вчера беа потврдени 301 нов случај од 3.814 тестирања.

Најмногу од активните случаи на ковид има во главниот град (2.632), по што следат Битола со 429 случаи, Прилеп со 380, и Кавадарци и Охрид со 265 односно 228 случаи на заразени. Над 100 потврдени случаи на коронавирус има во Велес (169), Куманово (155), Струмица (135) и Штип (112). Во повеќето други градови бројот е двоцифрен.

Во моментов само во Дебар и Демир Капија не е потврден ниту еден случај на ковид. Мал е бројот на заразени во Пехчево(5) и Дојран(4) активни случаи.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.519.050 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, а на починати е 7.801.