На ден 27.5.2020, среда, околу 14 часот во ПЗУ „Ре-медика“ итно беше донесен пациент без знаци за живот, веднаш е направен обид за реанимација и укажана потребната медицинска помош, но за жал без успех. Согласно протоколите за ковид-19, земен му е брис и истиот е позитивен. Во координација со Епидемиолошката служба и Центарот за јавно здравје, во болницата се преземени сите мерки за изолација на вработените и дезинфекција на просториите, соопшти „Ре-медика“. Претходно, починатиот пациентот не е лекуван ниту хоспитализиран во ПЗУ „Ре-медика“.

Болницата е безбедна за сите пациенти кои имаат потреба од здравствени услуги.