Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се 989 случаи на зараза, 965 заразени има во Прилеп, а 940 во Куманово.

Во Скопје, по повеќе од 1.000 заразени има во Гази Баба, Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода.

Согласно последните податоци од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546.

Досега во Македонија се направени вкупно 313.519 тестирања на ковид -19.