Рекордни 38 нови случаи на коронавирус регистирал Центарот за јавно здравје од Прилеп, а 13 лица оздравеле од заразната болест. Како последица од коронавирусот починале две лица на 75 и 78-годишна возраст.
Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување во инфективното одделение на прилепската болница.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 973.

Ка.М.