Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во последното деноноќие се регистрирани 175 нови случаи на ковид-19, од направени 971 тестирање. Ова е еден од повисоките броеви на заболени во изминатиот период.
Во Скопје има 131 нов случај, во Куманово 24, во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и Свети Николе по два случаи, во Тетово пет, во Велес четири, во Охрид еден случај.
Има четири смртни случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп од 72 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје, пациентка на 60 години, примена на 5 јуни, пациент на 64 години, примен на 8 јуни, и пациент на 59 години, примен на 8 јуни, и еден пациент од Гостивар на 72 години, примен на 30 мај годинава.

На Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687 лица.