Фото: Зоран Антоски

Прогнозите кои во повеќе наврати ги повторија лекарите вклучени во Кризниот штаб , вработени во кичевската болница, во целост се остваруваат. Така, денес во Кичево е поставен нов рекорд на излекувани граѓани од ковид-19 во еден ден, вкупно 13, што придонесе осетно да опадне бројката на активни случаи и да се сведе на 103 лица. Поволниот здраствен билтен со помалку пациенти инфицирани со ковид-19, деновиве се очекува да резултира со нов пад на активни случаи под 100.

– Задоволни сме што последните дестина дена имаме рапиден пораст на оздравени и незнатна бројка на новозаболени граѓани. Така, денес регистриравме рекордна бројка на излекувани граѓани во еден ден, вкупно 13, и само три новозаболени лица, со полесна клиничка слика. До денес во нашата општина имаме вкупно инфицирани 257 граѓани, од кои 144 излекувани, 103 активни случаи и 10 починати. Ако се има предвид полесната клиничка слика на повеќето новозаболени, тогаш за очекување е деновиве бројот на активни случаи да се спушти под 100. И покрај позитивните трендови, сепак мора да бидеме будни и во целост да ги почитуваме протоколите пропишани од Владата, за да не ни се случи обратен процес – вели д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб и директор на Здраствениот дом. З.А.