Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица – по 2 пациенти од Скопје (77, 70) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68) Валандово (66) и од Дојран (64). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.477 теста преку: ИЈЗ – 575, ЦЈЗ Скопје – 90, „Авицена“ – 358, „Биотек“ – 601, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 151, „Систина“ – 294, „Лаор“ – 241, МАНУ – 0, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 50, „Ремедика“ – 15, ИБЗД Козле – 12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.

Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.