Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на Ковид-19, од кои во: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица по 3, Неготино, Свети Николе и Виница по 2 и по еден во Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 17 починати лица, од кои осуммина од Скопје (59, 65, 68, 70, 72, 80, 83 и 86 години), четворица од Куманово (64, 69, 71 и 79 години) и по едно починато лице од Охрид (93), Радовиш (72), Струмица (87), Битола (90) и од Гостивар (63).

Од пријавените починати лица, 16 се починати во болнички, а едно во домашни услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 4 починати лица во периодот од 24 до 30 септември. Починатите се од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 1.348 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 419, Струга – 196, Охрид – 144, Куманово – 87, Тетово – 71, Кичево – 45, Струмица – 43, Гостивар и Дебар по 42, Велес – 41, Прилеп – 37, Кавадарци – 34, Битола – 26, Штип и Свети Николе по 16, Ресен – 14, Радовиш – 13, Кочани и Гевгелија по 11, Виница – 8, Кратово и Делчево по 6, Валандово – 5, Пробиштип и Неготино по 3, Берово и Демир Хисар по 2 и по еден оздравен од Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и од Демир Капија.

Направените 3.337 теста се преку: ИЈЗ – 300, ЦЈЗ Скопје – 61, ЦЈЗ Битола – 47, ЦЈЗ Прилеп – 29, ЦЈЗ Тетово – 42, ЦЈЗ Куманово – 56, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 21, Институт за микробиологија – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 77, „Авицена“ – 159, „Биотек“ – 230, „Систина“ – 70, лабораторија „Лаор“ – 137, „Синлаб“ – 53, „Ремедика“ – 28, „Плодност“ – 31, „Генеа“ – 8, „Никоб лаб“ – 378, „ВФВ медикал“ – 37, „Ели медика“ – 57, „Ројал медика“ – 17, „Спектра-ММ“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.495.

Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 193.052, бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 84.099, Активни 5.265
Куманово 11.555, Активни 953
Тетово 10.843, Активни 835
Прилеп 9.089, Активни 276
Гостивар 7.962, Активни 410
Битола 7.126, Активни 240
Велес 6.290, Активни 315
Охрид 5.986, Активни 343
Кавадарци 5.971, Активни 207
Штип 5.770, Активни 215
Струмица 5.757, Активни 231
Кичево 3.990, Активни 356
Струга 3.796, Активни 117
Кочани 3.306, Активни 162
Гевгелија 2.429, Активни 81
Неготино 2.321, Активни 35
Свети Николе 1.913, Активни 97
Ресен 1.542, Активни 71
Радовиш 1.531, Активни 78
Крива Паланка 1.451, Активни 98
Дебар 1.450, Активни 65
Берово 1.210, Активни 16
Делчево 1.124, Активни 62
Виница 1.039, Активни 44
Пробиштип 923, Активни 34
Валандово 824, Активни 20
Кратово 583, Активни 58
Богданци 555, Активни 21
Крушево 529, Активни 21
Македонски Брод 473, Активни 29
Демир Хисар 446, Активни 29
Демир Капија 411, Активни 4
Пехчево 314, Активни 4
Македонска Каменица 304, Активни 23
Дојран 140, Активен 1