Бројот на оздравени од ковид-19 во Кичево се зголеми за уште 12 , додека бројот на активни случаи се спушти на само 53 лица, со што уште повеќе расте оптимизмот дека во овој град, короната се повеќе е под контрола, бидејќи не е забележан ниту еден новозаболен, ниту починат пациент.

Ако продолжи овој тренд, за очекување е наскоро да има ново намалување на заболените и раст на излекуваните пациенти, што во повеќе наврати го потенцираа и од Кризниот штаб.

– Секој нареден ден со уште поголем оптимизам го очекуваме, бидејќи според нашите согледувања и анализи, бројот на оздравени пациенти и понатаму очекуваме да опаѓа , додека бројот на новозаболени да стагнира или како деновиве да опаѓа.Во моментов бројот на вкупно инфицирани лица и понатаму е 269,бројот на излекувани граѓани се искачи на 204, 53 лица се водат како активни случаи и за жал 12 лица се починати.И покрај овие пријатни вести, сепак мораме да бидеме будни и секогаш да ги превенираме состобите со кои би придонесле, да се спречи нов пораст на заболените од ковид-19 – нагласи Др Џабир Бајрами, член на општинскиот Кризен штаб.

З.А.