Фото: Зоран Антоски

Во Кичево денес нема новозаболени, ниту починати од коронавирус, а осум лица се оздравени, по што бројот на активни случаи се сведе на 29. Вкупниот број на инфицирани избивањето на заразата изнесува 290, додека бројот на починати е 14.

Деновиве забележливи се поголеми метежи пред банките, каде дел од граѓаните во целост не ги почитуваат мерките за држење на меѓусебно растојание од околу два метра и задолжително носење на заштитни маски. Бидејќи од утре следи исплатата на загарантираните средства до 30.000 евра од Еуростандад банка, за очекување е гужвите пред банките да потраат уште извесен период.

– На наше големо задоволство состојбите со ковид-19 деновиве во нашиот град се исклучително поволни. Така, денес немаме евидентирани новозаболени, ниту починати лица, додека имаме 8 излекувани, што придонесе бројот на активни случаи да се спушти на само 29. Што се однесува до метежите пред банките, тука сите треба да придонесат да се запази редот и почитуваат протоколите, затоа што носењето заштитни маски и одржувањето на прописно растојание, на сите кои се тука ќе им бидат од корист. Тоа важи и за сите локали и места каде се концетрираат поголем број на луѓе. Почитувањето на протоколите е непходна мерка за да продолжиме со овие оптимистички показатели – истакнуваат од Кризниот штаб. З.А.