Вакциналниот пунк на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој ќе биде ставен во функција до крајот на оваа недела ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.

Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

– Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на нашиот универзитет, со што универзитетот веќе обезбеди простор и соодветна опрема за таа намена, во кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет – вели Јанкуловски.