По вчерашните осум лица заболени од ковид-19, бројката на новозаразени во оваа општина денес изнесува вкупно 30 заразени , од кои сеуште активни се 25 случаи. Спред информациите до кои дојдовме од Кризниот штаб и, денешните  6 новозаразени лица се од познати кластери и по една крводарителна акција во една голема компанија, каде едно лице од страна предизвикало инфекција кај вработени.

– И денес немаме најдобри вести поврзани со бројот на новозаразени со ковид 19 во нашиот град. Евидентирани се 6 новозаразени лица со што вкупниот број  се искачи на 30 ,од кои активни се 25 , четири лица се излекувани и едно лице почина. Добра вест е што новозаразените се со лесна клиничка слика и се во редовен контакт со матичниот лекар, за да не дојде до несакани компликации.Повеќето новозаразени се од познат кластер , додека дел од овие лица од една голема компанија се заразени од едно лице од страна, по крводарителна акција во компанијата. Од активните 25 случаи во нашиот град, единствено покритична е состојбата на една постара особа која е заразена со ковид 19 од нејзин близок роднина , кој бил претходно инфициран и потекнува  од познат кластер – истакна д-р Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб.