Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на „Фајзер“. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“, велат од здравство.

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „Астра зенека“.

Оваа донација, велат од ресорното министерство е многу значајна за нас.

Од таму упатуваат благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција во нашата земја, Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.