Од Турција денеска пристигна медицинска помош за нашата држава, соопшти Демократската партија на Турците.

– Познато е дека за време на пандемијата на коронавирус, Република Турција во неколку наврати испрати безусловна помош и даде секаква поддршка на нашата земја со што уште еднаш покажа дека е верен пријател на нашата земја. Заради истото во име на нашата држава и нашите граѓани се заблагодаруваме на Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на сите овластени лица, на сите служби вклучени во процесот, на Претседателот на Турската црвена полумесечина и целокупната екипа на институцијата.

При овој процес Демократската партија на Турците во Северна Македонија уште еднаш покажа дека освен Турскиот народ во РСМ, работи за целокупното население на нашата држава и е вклучена во секој процес потребен за подобра заедничка иднина.

Пристигнатата медицинска помош со заедничката работа и координација меѓу нашите институции ќе бидат дистрибуирана до оние институции кои имаат потреба – соопшти партијата.