Денеска пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од Турција, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

– Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сè, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас – вели министерот Филипче.

Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.