Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината против ковод-19 на „Фајзер“.

– Дополнителни 12.870 дози од производителот „Фајзер“ обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа” (Team Europe) пристигнаа денеска – објави Филипче на Фејсбук.

Министерот апелираше сите граѓани што досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.