Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште на Криволак, ќе бидат преместени на нова локација, информира Министерството за одбрана.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија – се наведува во соопштението на министерството.

На овој начин, деветчлената музичка група сместена во групниот карантин во Пепелиште ќе биде преместена во Заводот во Демир Капија. Ова следува откако тие вчера бурно реагираа на условите во Пепелиште, односно на лошата хигиена.

Штом биде завршен нивниот медицински преглед, тие ќе бидат однесени во новиот карантин.