Фото: Маја Јаневска-Илиева

По синоќешната објава на Фејсбук дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е позитивен на ковид-19, премиерот Зоран Заев најави дека исто така ќе се тестира. Заев денес објави дека го добил резултатот за ковид-19, и информираше дека тој е негативен на вирусот. 

– Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19 – напиша Заев на неговиот фејсбук профил. 

Заев рече дека немал директни контакти со Спасовски, а контактите што ги остварил биле со почитување на заштитни мерки.