Претседателот на Собранието, Талат Џафери во секој момент ја очекува предлог одлуката за прогласување на вонредна состојба, којашто понатаму тој ќе ја проследи до претседателот Стево Пендаровски.

– Овој предлог веднаш ќе го упатам до претседателот на државата, кој се надевам дека ќе постапи според предлогот на Владата – изјави Џафери.

Тој појасни дека поради тоа што е распуштено, Собранието не е во можност да се состане. Како што кажа Џафери, од моментот на прогласување вонредна состојба, надлежностите на Собранието преминуваат во надлежност на Владата, која со уредби ќе ги уредува сите состојби.