Фото: Игор Бансколиев/ илустрација

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека од среда, 27 мај, почнува исплатата на мајските пензии. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

Имено, според информациите на властите, в среда ќе се изврши исплата на пензиите со висина до 11.000 денари, в четврток на оние меѓу 11.001 денар и 14.000 денари, в петок ќе се исплатат пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари и в понеделник наредната недела ќе добијат пензија оние чии примања се во висина над 18.000 денари.

Од министерството информираат дека пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда и истите тие можат да ги подигнат од банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.