Во денешната статистика на заразени со ковид-19 за првпат е забележан случај во Берово.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1, соопшти Министерството за здравство.

Согласно ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Досега, според податоците на Министерството, направени се вкупно 18.821 тестирања на ковид -19.