Пратеникот Миле Талевски од СДСМ од Прилеп е позитивен на ковид-19. Со лесни симптоми на болеста тој од синоќа е во домашна изолација.

Како што ни изјави пратеникот во телефонски разговор, тој изгубил чувство за
мирис и вкус, се тестирал, и тестот му покажал дека е позитивен на ковид-19. Преку својот фејсбук-профил на пријателите им посака добро здравје, но им порача
да се чуваат. 

– Чувајте го личното здравје и здравјето на вашите најблиски. Само со заеднички напори и дисциплинирано почитување на мерките за заштита од коронавирусот, имаме шанси да го победиме ова зло и да ја задржиме пандемија под контрола – напиша Талевски. Ка.М.